Играчите од Премиер лигата по секое враќање во Англија ќе мораат во карантин

Фудбалерите од Премиер лигата ќе се соочат со десетдневен карантин по секое патување во странство. Оваа мерка синоќа ја донесе владата на Велика Британија, што секако ќе донесе големи проблеми кај екипите кои се натпреваруваат на меѓународна сцена. 

Претходно, клубовите од Премиер лигата кои се враќаа од натпреварите од Лигата на шампионите или Лигата на Европа не мораа да завршат во карантин. Исто така, фудбалерите кои ќе одат на репрезентативните собири на својата земја ќе мора цело време да бидат во карантин, без да излегуваат и да контактираат со други луѓе од тимот.

Новите ограничувања, сепак, нема да влијаат на секојдневните активности на клубовите, односно екипите ќе може да тренираат и да играат натпревари. 

Сите играчи кога ќе се вратат во Велика Британија ако бидат негативни за коронавирус, нивниот карантин ќе биде скратен на пет дена.