Играчите не го сакаат Лампард, Челзи наскоро добива нов менаџер!?

Лампард

Лошите резултати на Челзи со отказ речиси сигурно ќе ги плати Френк Лампард. Легендата на лондонскиот клуб не ги искористи милионските засилувања за да биде конкурентен во Премиер лигата.

Наместо тоа, реди разочарувачки настапи по кои самите фудбалери наводно изразиле желба тој да биде сменет. Англиски медиуми пишуваат дека владее лоша атмосфера на „Стемфорд Бриџ“ која наскоро би можела да ескалира во јавноста.

Во Челзи пристигнаа ѕвездени имиња во Вернер, Хаверц, Зијеч и Силва, но ниту тоа не му беше доволно на Лампард да формира шампионска екипа. Ривалите во англиското првенство започнаа да се одлепуваат и се чини направија недостижна разлика во овој дел од сезоната.

Управата засега му верува на младиот стратег, меѓутоа секој нареден кикс ќе донесе нови шпекулации околу неговата иднина.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.