• Иван Димовски
Фудбалерите на Челзи го освоија Светското клупско првенство, откако во финалето славеа убедливо со 3-0 против ПСЖ. По сите возбудувања, па и тензии за време и по натпреварот, интересна ситуација се случи и при доделувањето на пехарот.
Американскиот претседател Доналд Трамп доделуваше медали, а потоа застана до играчите на Челзи. Кога првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино му го предаде пехарот на Рис Џејмс со раката му покажа на Трамп да заминат од подиумот. Сепак, тој не го забележа или не сакаше да го забележи гестот и остана за време на славјето.
Тоа беше урнебесно прифатено од фудбалерите на Челзи, дел од нив зачудено, дел се смешкаа гледајќи го Трамп. Најголем хит стана Кол Палмер кој буквално му се обрати на Џејмс и му кажа: „Што прави тој?“.

