Играчите на Брегалница биле нападнати во Неготино, се бараат санкции

Фудбалскиот клуб Брегалница објави соопштение во кое раскажа настани од мечот со Вардар Неготино, на кој штипските „сини“ имале напад од страна на непознати лица врз фудбалерите.

Од таборот на Брегалница истакнаа дека тензии имало од почетокот, а се прашуваат дали делегатот и полицијата ќе направат санкции кон домаќинот?

„Уште кога пристигна нашата екипа во Неготино, некои непознати лица почнаа физички да ги малтретираат нашите играчи и стручен штаб. На полувремето, нашиот тренер и двајца играчи беа нападнати од лица од управата на домаЧинот. Овие сцени, наведуваат да помислиме дека ова беше однапред смислено сценарио, бидејки полицијата која беше во мал број воопшто не реагираше. Фрапантен е фактот што еден од напаѓачите на нашите играчи е роден штипјанец.

ФК Брегалница, како клуб со реноме и традиција, доколку не беше испровоциран, немаше да се занимава со “клубови” кои немаат елементарни услови а наптреварување во било која лига. Немаат топла вода, немаат вода за пиење, а санитаријата во соблекувалните е искршена со години наназад.

Исто така, сакаме да прашаме дали овие напади и немили сцени на еден “фудбалски терен” на некаква си "арена"се евидентирани од делегатот или полицијата во записник!? Ова е втор случај, како службено лице од домаЧинот напаѓа противнички играч, а како што знаеме ФК Вардар Неготино беше казнет и од федерацијата.

Па јавно прашуваме, дали оваков клуб заслужува да се натпреварува во некоја фудбалска лига?“

Натпреварот меѓу Вардар Неготино и Брегалница заврши со резултат 1-0 за неготинци кои освоија важни три бода во битката за опстанок, а штипјани направија чекор назад во битката за баражот.