Играчите на Барселона сметале дека Јунајтед е еден од најслабите ривали во ждрепката

Четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе донесе неколку интереси средби, меѓу кои е и судирот на Барселона и Манчестер Јунајтед.

Каталоните имаа среќа и ќе гостуваат на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар, бидејќи УЕФА не дозволува да се играат натпревари во ист град во период од два дена. Тоа дополнително ќе ја олесни работата на Лионел Меси и неговите соиграчи кои пред денешната ждрепка посакувале два противници - Порто и Манчестер Јунајтед.

Според пишувањата на „АС“, Каталонците сметале дека против овие две екипи би имале најмалку проблеми на патот до полуфиналето. Тимовите кои сакале да ги избегнат биле Манчестер Сити и Јувентус кои ги избегнаа до самиот финален натпревар.

Статистиката на натпреварите во Лигата на шампионите само ја потврдува оваа желба на фудбалерите на Ернесто Валверде. „Црвените ѓаволи“ победиле само на една од последните осум средби со каталонскиот гигант, губејќи во последните две финалиња во 2009 и 2011 година.

Меси има убави сеќавања кога се соочувал со англиски противници против кои постигнал рекордни 22 гола, што е повеќе од било која друга нација.