Играчи кои ќе си заминат доколку Мурињо дојде на „Олд Трафорд“

Џеси Лингард и Мемфис Депај

Според англиските медиуми, доаѓањето на Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“, ќе значи заминување на неколку фудбалери, кои ќе бидат дел од „чистката“ што се очекува да настане кога Португалецот ќе стапне во Манчестер. Се очекува неверојатна револуција во екипата, вклучувајќи 380 милиони евра за потенцијални желби на „специјалниот“.

На листата на играчи на кои иднината во дресот на Манчестер Јунајтед е под знак прашалник се наоѓаат: Маруан Фелаини, Џеси Лингард, Хуан Мата (кој веќе го напушти Челзи заради португалскиот стратег), Мемфис Депај, Фил Џонс, Џејмс Вилсон и Аднан Јанузај. Според гласините, недопирливи за Мурињо ќе бидат Марсиал, Керик, Швајнштајгер и Шнајдерлин.  

Претставувањето на Жозе Мурињо се очекува да биде пред крајот на тековната сезона, но во јавноста веќе излегоа информациите дека Португалецот им се пофалил на своите пријатели дека го презема кормилото на Манчестер Јунајтед.