Играч на Шкендија на радарот на еден од најпознатите полски клубови

Дефанзивецот Имран Фетаи од Шкендија повторно беше меѓу најзабележителните фудбалери во дресот на тетовчани во ремито против полска Јагјелонија во рамките на третото коло од Конференциската лига на УЕФА, а со добриот настап може да си обезбеди и трансфер.

Во текот на целиот натпревар, 23-годишниот стопер беше главен во одбраната, пресече неколку опасни акции на гостите и ѝ даде сигурност на главната линија пред голот на Шкендија. Неговата добра партија не помина незабележано.

Според информациите на Open-TV, за Фетаи сериозен интерес покажал полскиот гигант Лех Познањ, кој испратил свои скаути да го следат натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Покрај полските претставници, се наведува дека натпреварот го следеле и скаути од неколку клубови.

Сепак, извори блиски до клубот наведуваат дека интересот на Лех Познањ е најконкретен и дека токму полскиот тим би можел да биде следната дестинација за талентираниот дефанзивец.

Имран Фетаи е дел од Шкендија од 2025 година, а претходно настапуваше за Беса Добридол, Тиквеш, Гостивар, како и младинскиот тим на Аполонија од Албанија.