• Мартин Танасковски

Мараш Кумбула од Рома сигурно го чека подолга суспензија затоа што на натпреварот против Сасуоло реши да клоцне противнички играч.
По еден дуел двајцата играчи паднаа еден врз друг, а Доменико Берарди со ногата го подзакачи играчот на „волчицата“ во меѓуножјето. Кумбула не остана должен, па го клоцна италијанскиот репрезентативец.
Судиите по прегледувањето на ВАР му покажаа директен црвен картон, а тоа предизвика хаос затоа што арбиртите сметаа дека тука требало и Берарди да биде санкциониран.