Играч на ПСВ изненади: Загубил љубов за фудбалот, тешко му е и оди во пензија!

Холандскиот фудбалер Дејви Пропер ги изненади сите откако замина во пензија на 30-годишна возраст. Играчот кој е член на ПСВ Ајндховен и е под договор истакна дека во овие моменти со пандемијата тешко му е да игра фудбал и дека нема мотиви.

Пропер, кој игра во средниот ред како офанзивен играч за врска, за ПСВ одигра осум натпревари на кои постигна еден гол. Најдобрите натпревари ги прикажа во Англија каде настапуваше за Брајтон, за кого од 2017 до 2021 година одигра 107 меча.

Претходно, Пропер од 2015 до 2017 година играше исто така за ПСВ, а кариерата ја почна во Витесе во чии редови настапуваше од 2008 до 2015 година.