ВИДЕО: Играч на Монако го загуби умот, луто го клоцна ВАР мониторот

Фудбалетите на Монако загубија од Сент-Етјен на гостински терен со 1-0. Тимот од кнежевството има лош старт на сезоната, а по 11 кола е на само три бода над опасната зона. Екипата на Леонардо Жардим не игра најдобро, а фрустрациите можеше да се видат и на самиот натпреварот.

Во вчерашниот пораз Французинот Рубен Агилар доби директен црвен картон во судиското надополнување поради остар прекршок. Агилар не ја поднесе баш најдобро оваа одлука на главниот судија и сметаше дека требало да има реакција од ВАР собата.

Така, при напуштањето на теренот, Агилар бесно го клоцна компјутерот од ВАР технологијата, кој служи за проверка на спорни ситуации.

  • Испадот на францускиот фудбалер:

Десниот бек на Монако покрај суспензијата за црвениот картон, сигурно ќе биде казнет и за испадот при напуштањето на теренот.