Играч на Јунајтед среде епскиот пресврт со Лион дозна лоши вести и замина во болница!

Манчестер Јунајтед го совлада Лион со 5-4 по продолженијата во епски реванш натпревар од четвртфиналето во Лига Европа, но еден од нивните играчи мораше да го напушти „Олд Трафорд“ на половина од натпреварот.

Шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф не ја прослави победата со својот тим, бидејќи неговиот син Френсис итно бил префрлен во болница со повреда на главата. Неговата сопруга Маја неколку дена подоцна откри што точно се случило таа вечер:

„Еден час пред натпреварот ни се јави дадилката и рече дека брзата помош е на пат кон болница. Мојот најмлад син Френсис ја повреди главата. Го бркаше својот постар брат Тед Луи низ куќата и падна по стаклените скали и го повреди челото. Мораше итно да оди на болница каде му беше извршена операција“, вели сопругата на Линделоф.

Операцијата била успешна, а помладиот син на шведскиот фудбалер брзо заздравува.

„Тој е вистински викинг, се врати во нормала како ништо да не се случило. Сите бевме многу загрижени, но Френсис продолжува како ништо да не се случило. Лекарите велат дека ќе има голема лузна на челото, но тоа не е важно - јас сум само среќна што сè се заврши добро", објасни Маја Линделоф.

Шведскиот ас одби да отуствува на следните тренинзи на тимот и во неделата се најде во првиот тим на натпреварот против Вулверхемптон. 

Најнови вести од
УЕФА Лига Европа