Играч на Емполи среде меч го „пецна“ Влаховиќ: Вредиш 80 милиони? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус добија огромна „шлаканица“ на гостувањето кај Емполи со поразот од 4-1, непосредно по новото одземање бодови во Серија А, овојпат десет. 

На овој натпревар камерите уловија една интересна конверзација, поточно провокација од Лајам Хендерсон до Душан Влаховиќ. Шкотланѓанецот по еден дуел во од му зборуваше на Србинот, му довикна „Ох, 80 милиони, 80...“. Тој алудираше на фактот дека Влаховиќ потфрли како скапоцено засилување за торинскиот гигант. 

Досега во дресот на Јувентус српскиот напаѓач одигра 42 натпревари и даде 12 погодоци. Јасно е дека тој се мачи да ја пронајде вистинската форма во Торино и е бледа сенка од напаѓачот кој тероризираше во дресот на Фиорентина