ВИДЕО: Играа „Лист-камен-ножички“ и го излажаа противникот, па дадоа гол од слободен удар

Фудбалерите на Феенорд убедливо славеа над Хераклес (3-0) во натпревар од холандската Ередивизие. 

Најинтересниот момент на средбата беше ситуацијата пред голот за 2-0 на Паишао. Имено, играчите на Феенорд ги измамија ривалите, бидејќи „Лист-камен-ножички“ за кој да шутира слободен удар играа Минтех и Хименез. Партијата ја доби напаѓачот и ја зеде и намести топката. 

Сепак, кога дојде време за шутот одговорноста ја презеде Паишао и го изненади ривалот со погодок.

Состави

Brian Priske

4-3-3

    Erwin Van de Looi

    4-3-3