Игор Стојчевски ќе го суди „вечното“ дерби, Качевски на центарот во Тетово

Второто коло од Првата македонска фудбалска лига ни го носи големото дерби помеѓу Вардар и Пелистер, а честа да ја дели правдата му припадна на искусниот судија, Игор Стојчевски. Нему ќе му помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски, а четврти судија во на Арената „Тодор Проески“ ќе биде Александар Урошевиќ. Дуелот се игра в недела од 20:00 часот.

Марјан Младеновски ќе биде главен судија на мечот помеѓу Воска Спорт и Тиквеш, а истата задача ќе ја има Димитар Пилешков, кој ќе биде задолжен за натпреварот меѓу Гостивар и Шкупи

Крумислав Ѓорѓиев со своите помошници ќе истрча на теренот во Кратово и ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Силекс и Брера Струмица, додека стружанецот Јован Качевски е задолжен за интересниот дуел меѓу Шкендија и РаботничкиСтруга Трим Љум ќе го пречека новајлијата Беса 1976, а таму „човекот во црно“ ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Пет натпревари од второто коло во ПМФЛ се закажани за 18 август, со почеток во 17:00 часот.