• Мартин Танасковски

Екипата на Детонит Плачковица донесе ново име во екипата и потпиша договор со младиот фудбалер Игор Јаневски.
20-годишниот играч за врска доаѓа од редовите на кратовски Силекс, каде ги мина последните четири години. Се реши за Детонит, со цел да добие поголема минутажа заради големата конкуренција во Кратово.
Во ПМФЛ, Јаневски оваа сезона влезе на четири натпревари од клупата за резерви, а исто така настапи и на два натпревари во Купот на Македонија.
Претходно, младиот фудбалер беше дел и од екипата на Њу Старс, како и младинските погони на Вардар и Работнички.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.