Игор Ангеловски поднесе оставка од функцијата прв тренер на Етникос

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, поднесе оставка од функцијата главен тренер на кипарскиот прволигаш, Етникос Акна. Овој епилог доаѓа по седумте последователни порази на кипарскиот тим, кој македонскиот стручњак го презеде среде сезона.

Заедно со Ангеловски заминува и неговиот стручен штаб, односно асистентот Милан Илиевски. Причината за оставката се лошите резултати на тимот кој забележа шест последователни порази во првенството. 

Ангеловски им се заблагодари на сите навивачи, како и на клупската управа, посакувајќи им многу успеси во иднина. Според информациите од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Ангеловски и Седлоски се единствени кандидати за селектор на сениорската репрезентација на Македонија и одлуката за наследникот на Благоја Милевски ќе биде позната до 25 декември.