• Мартин Танасковски
Игор Алексовски, повремениот македонски фудбалски репрезентативец, ќе има нов клуб во новата сезона затоа што замина од Работнички и потпиша во Албанија.
30-годишникот бранеше за дебармаалци од 2022 година, но клубот објави разделба. Кариерата голманот ќе ја продолжи во соседството, каде се договорри со екипата на Фљамуртари.
Алексовски бранеше и за Ренова, Шкупи, Вардар и Македонија ЃП. За него, авантурата во странство ќе биде прва во кариерата.



