Игор Алексовски на голот на Ренова, Илиески новајлија во одбраната

Ренова обезбеди нов голман за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и потпиша договор со Игор Алексовски.

26-годишниот голман доаѓа како слободен откако си замина од Шкупи. Се очекува Алексовски да биде големо засилување меѓу диреците на „гипсарите“ на Османи, затоа што тој беше член на „златната“ У21-репрезентација на Македонија која играше на ЕП 2017 во Полска.

Македонскиот голман досега во кариерата играше само во ПМФЛ. Потекнува од младинските школи на Македонија Ѓорче Петров, каде се промовира во првиот тим, па следеше трансфер во Вардар, од каде замина во Шкупи.

Новајлија во одбраната е стоперот Антонио Илиески. 24-годишникот доаѓа од Кораб, а претходно играше за Тиквеш, Гостивар, Македонија ЃП и Еуромилк.