Игало останува на позајмица во Јунајтед до јануари 2021 година

Игало Одион

Агентот на Одион Игало потврди дека неговиот клиент наскоро ќе потврди дека ќе остане во редовите на Манчестер Јунајтед до летото 2021 година.

Добрите настапи на нигерискиот напаѓач му овозможија да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ за уште шест месеци. Поради пандемијата, тој не се изнаигра, а запиша четири гола и една асистенција, што му донесе симпатии од тренерот Оле Гунар Солскјер.

Голгетерот ќе се врати во Кина, со оглед на тоа што договорот со премиерлигашот му истекува на 31 мај, но само за да потпише договор со Шангај Шенхуа. Од екипата ќе му дозволат да ја продолжи кариерата во Премиер лигата до крајот на јануари наредната година.

Неговата соработка со кинескиот клуб завршува во декември 2022 година, но челниците сакаат да го убедат да потпише продолжение најмалку уште две дополнителни сезони.