ВИДЕО: Игало го сруши Тунис, Нигерија е бронзена на Купот на Африка

Репрезентацијата на Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп на нации кој завршува в петок во Египет. Во малото финале „супер-орлите“ на германскиот стручњак Гернат Рор го совладаа Тунис со 1-0 (1-0).

Најдобриот нигериски фудбалер Одион Игало по само три минути го постигна единствениот гол на натпреварот. Тунижаните имаа иницијатива, посебно во вториот дел, но не ја погодија нигериската мрежа.

  • Извештај од натпреварот: 

Големото финале меѓу Алжир и Сенегал закажано е в петок од 21:00 часот на стадионот во Каиро.