Игало го одложи враќањето во Кина и ја продолжи соработката со Јунајтед

Иако се шпекулираше дека Одион Игало на први јуни е приморан да го напушти Манчестер и да се врати во Кина, сепак, искусниот нигериски голгетер останува во редовите на англискиот гигант.

Како што потврди клубот на својата интернет страница, 30-годишниот Игало ја продолжи позајмицата и на „Олд Трафорд“ ќе остане уште најмалку шест месеци, односно до јануари 2021 година. 

Со овој потег, Оле Гунер Солскјер ја реши најболната позиција во својот тим за продолжувањето на Премиер лигата. Јунајтед во преостанатите девет кола ќе се обиде да се искачи на четвртата позиција на табелата, а за тоа сигурно ќе му биде потребно искуството на Игало. 

Покрај нигерискиот репрезентативец, Оле во своите редови има само уште еден напаѓач - Маркус Рашфорд, кој поради повреда е без настап цели шест месеци.