ИФФХС: Куртоа е најдобар голман, а Модриќ најдобар креатор за 2018 година

Институтот за фудбалска статистика (ИФФХС) ги прогласи најдобрите за 2018 година по позиции. Доминираат главните ѕвезди од последното Светско првенство во Русија, а меѓу освојувачите најбројни се фудбалерите на Реал Мадрид. 

Тибо Куртоа е прогласен за најдобар голман на интернационалната сцена 181 глас. Белгиецот ги победи Лорис со 101 и Буфон со 59 поени. Следуваат Кејлор Навас, Облак и Тер Штеген.

Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Лео Меси, кој со години беше најдобар креатор на играта во светот. Хрватот кој ги освои сите инвидуални признанија за минатата година, собра 272 гласа, скоро двојно повеќе од капитенот на Барса кој доби 144 гласа.

Веднаш зад двајцата најдобри класифицирани се Азар, Де Брујне и Нејмар.