ИФАБ ќе одржи состанок за ревизија на ВАР, a покрај УЕФА и ФИФА размислува за „рагби правило"

Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи (ИФАБ), кој има задача да се грижи за фудбалските правила и промените, следната седмица ќе одржи состанок во Белфаст за да го подобри користењето на ВАР технологијата.

Се поширокото користење на видео анализата, иако ја поправи точноста на судиските одлуки, донесе многу контроверзии. Се работи за нејзиното правилно користење, кое најмногу е оспорувано во Премиер лигата. Судиите во Англија како да не знаат кога и дали да ја користат технологијата, а навивачите се жалат дека се уништува духот и натпреварите. 

Претседателот на ИФАБ, најави дека ќе се рeвидира како технологијата е користена и ќе се одлучи дали ќе има промени. 

„Ова е нова технологија на која уште се навикнуваме. Ќе ги разгледаме сите предлози и податоци кои ги собравме од досегашното користење.  Потоа ќе одлучиме дали можеме да направиме нешто за сите да бидат задоволни од ВАР", најави Патрик Нелсон.

ВАР-технологијата се користи во 25 земји, а во Германија дури и во втората Бундеслига. Нивниот модел можеби ќе се користи од следата сезона и во Италија во Серија Б

Освен промените кај ВАР технологијата, ИФАБ ќе ги разгледа можностите да се воведе рестрикција кога се во прашање повредите со главата. Се потешките повреди на главата стануваат голем проблем, а по УЕФА и ФИФА размислува да се воведе заштитен протокол.