ВИДЕО: Идните ѕвезди на Арсенал донесоа лесна победа над Колорадо! 

Англискиот гигант Арсенал со лесна и убедлива победа ја стартуваше својата турнеја во Соединетите Американски Држави. „Топџиите“ по базичните подготовки на домашна територија се упатија за САД, каде закажаа и неколку пријателски средби. 

Прв пред Арсенал застана тимот на Колорадо. Унаи Емери за овој дуел се реши да настапи со идните ѕвезди на тимот, кои не само што не разочараа, туку веднаш одушевија и одиграа квалитетен натпревар. 

  • Извештај од натпреварот:

Англискиот тим уште во 13. минута доминацијата ја претвори во водство, откако мрежата на Колорадо ја затреси Сака, а пред финишот на првиот дел Олајинка донесе комотни 2-0. 

Во вториот дел темпото на игра спласна, но младите пулени на Емери не отстапија од офанзивниот фудбал и преку Мартинели ги поставија конечните 3-0.