Иднината на Роналдо во Јувентус е неизвесна и зависи од едно нешто!?

Италијански Јувентус неочекувано е далеку од врвот на табелата во Серија А, а поради лошите резултати тимот можно е да остане без главната ѕвезда Кристијано Роналдо, за кого се најавува заминување ако не се оствари едно нешто.

Под водство на Андреа Пирло, тимот игра далеку под очекувањата. Незадоволство има кај сите, вклучувајќи го и најдобриот играч на „бјанконерите“. Јувентус се бори за Лигата на шампионите, а ако остане без неа, ќе остане и без Роналдо, пишува „Тутоспорт“.

Јувентус во моментов се наоѓа на едно од местата кои водат во елитата следната сезона, ама конкурентите се премногу близу и доколку дојде до киксови во следните кола, тогаш можно е големиот фаворит во калчото да извиси.

Роналдо и во минатото се поврзуваше со заминување од Јувентус, но до такво нешто не дојде. Како главни кандидати кои ја пратат ситуацијата се споменуваат неговите поранешни клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.