• Саше Љолес
Управата на Наполи се обидува да потпише нов договор со голманот Алекс Мерет, но преговорите „запнале“ во подоцнежната фаза, па затоа клубот разгледува и други опции.
Италијанските медиуми пишуваат дека „партенопеите“ имаат желба да го видат во своите редови чуварот на мрежата на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, а цената за негов откуп би изнесувала околу седум милиони евра.
Српскиот голман сезонава брани во одлична форма, ја сочува мрежата на десет натпревари и одбрани четири пенали, со што го привлече вниманието на поголемите клубови на „чизмата“.
Доколку Мерет не стави потпис на нова соработка, Наполи ќе тргне сериозно во мисија да го доведе Милинковиќ-Савиќ, кој сигурно не би имал ништо против да се пресели на југот на Италија.
Кариерата ја започна во Војводина, а потоа беше дел од Легиа Гдањск, Спал, Асколи и Стандарн Лиеж. Во Торино е од 2017 година и досега запиша вкупно 135 натпревари во Серија А.