Иднината на Илиев во Арсенал е несигурна, може да прави трансфер?

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев моментално е на позајмица во Словачка каде го носи дресот на Серед, но по крајот на актуелната сезона, може да си оди од матичниот клуб Арсенал.

Илиев не ја доби шансата да биде дел од првиот тим на „топџиите“, па замина на позајмица во потрага на поголема минутажа. Во Серед се снајде одлично, максимално ја користи секоја минута и брани во перфектна форма, но...

Од Островот сметаат дека Илиев тешко да остане во Арсенал, затоа што Емери моментално како трет голман го има Мет Мејси, кој се очекува да биде сениор и во иднина. Дополнително, се споменува и возраста на Илиев, кој следната година ќе полни 25 години и сигурно е дека нема да игра за У23-тимот на премиерлигашот.

Струмичанецот е во Арсенал уште од 2012 година, а претходно го носеше дресот на Беласица. Илиев е сениорски репрезентативец на Македонија, но, засега, не е прв избор на селекторот Игор Ангеловски.