ВИДЕО: Шоу на Чурлинов во Турција – два гола во едно полувреме за Кочаели!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов прикажува одлична форма во дресот на Кочаелиспор, за кој постигна два гола на натпреварот против Ерзурумспор во Купот на Турција. 

Чурлинов донесе двојна предност за својот тим уште во првото полувреме. Најпрво биеше во 18. минута, а потоа зголеми на 2-0 во последната минута од првиот дел. 

  • Головите на Дарко Чурлинов:

За Чурлинов ова се први два гола во Кочаелиспор. Досега одигра 11 првенствени натпревари, со просечна оценка од 6,5.