ВИДЕО: Ибраими во свој стил стрелаше против Алуминиј и најави висока победа на Домжале

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими го постигна првиот овосезонски погодок во словенечкиот шампионат, и ја најави сигурната победа на својот Димжале на вечерашниот меч против тимот на Алуминиј. 

Искусниот крилен фудбалер на мајсторски начин, со прецизен удар од полудесно, во 35. минута донесе водство за Домжале од 1-0, кое подоцна беше потврдено од Николсон и Хаљета. Почесниот погодок за гостинските фудбалери го постигна Арафат во 71. минута, за 2-1. 

По четири одиграни кола, Домжале котира висока на табелата во Првата лига на Словенија и со скор од три победи и еден пораз е на втората позиција, веднаш зад тимот на Марибор.