Ибраими се пресели кај Неџипи во Кукс, потпиша двегодишен договор

Агим Ибраими ќе ја продолжи кариерата во редовите на албанскиот првак, Кукс, клуб со кој потпиша двегодишен договор. 

Фудбалерот, кој има богата кариера зад себе, мина една ипол сезона во дресот на Шкендија, но по летово стана слободен агент и се договори со шампионот на Албанија. Инаку, во оваа екипа на позицијата спортски директор работи поранешниот македонски фудбалер, Ндерим Неџипи кој беше присутен при потписот на Ибраими за Кукс. 

  • Официјализација на потписот:

Претходно, освен во Шкендија и репрезентацијата на Македонија, Ибраими настапуваше и са Салцбург, Олимпија Љубљана, Ескишехирспор, Нафта Лендава, Марибор, Астана и Домжале, а беше позајмен и една сезона во Каљари во Серија А

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.