Ибраими повторно ќе игра во Словенија, овојпат за Домжале!?

Македонскиот интернационалец, Агим Ибраими не пронајде клуб во последниот ден од трансфер периодот, но поради фактот што е слободен агент веќе подолго време, ќе може да потпише договор и по крајот на истиот.

28-годишниот играч за врска е поврзуван со кам-бек во Словенија, но не во неговата поранешна екипа Марибор. Тамошните медиуми го сместуваат Ибраими во тимот на Домжале, клуб со кој велат дека постигна меѓусебен договор и останува уште да стави официјален потпис.

Изминатата сезона, нашиот фудбалер настапуваше во дресот на Астана и одигра само шест натпревари.