• Иван Димовски

Македонскиот интернационалец, Агим Ибраими уште еднаш докажа дека и покрај тоа што има 32 години, игра во одлична форма. Поранешниот репрезентативец постигна нов гол, во победата на Кукс кај Скендербеу (0-4). Со овој погодок, Ибраими се искачи на лидерската позиција на листата стрелци во првенството на Албанија.
Ибраими го отвори резултатот во петтата минута, а во продолжението погодуваше двапати Лимај и еднаш Леириа Дос Сантос. Така Кукс одржа чекор со водечките екипи во албанската Супериорна категорија.
32-годишникот игра во одлична форма по заминувањето од Шкендија. Ибраими досега на 19 натпревари, постигна 11 погодоци од кои дури девет во првенството и два во Купот.