Ибраими пак стрелец, погоди од пенал во поразот на Кукс кај Партизани

Агим Ибраими продолжи да ги „решета“ мрежите во соседна Албанија и погоди во високиот пораз на неговиот Кукс (4-1) од второпласираниот Партизани. Откако претходно погодуваше против Лачи, Билис и два пати со Влазнија, Ибраими го запиша своето име меѓу стрелците и со Партизани.

Поранешниот репрезентативец на Македонија го постигна единствениот погодок за својата екипа во дуелот од 11. коло, кога при резултат 4-0 ја презеде одговорноста и прецизно изведе пенал во 90. минута. 

Крилниот напаѓач Ибраими е најдобар стрелец на својата екипа и заедно со Патрик Фрајдеј имаат по пет погодоци на своето конто. Во Супериорната категорија на Албанија подобро котира уште Хоџај од Влазнија со гол повеќе.