• Горан Упале

Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ уште еднаш ги покажа своите голгетерски способности.
На натпреварот со Арсими искусниот напаѓач на Шкендија постигна уште еден ЕВРОГОЛ и на својот тим му донесе водство од 1-0. Ибраими прво со мајстории на мал простор се ослободи од двајца чувари и од далечина испрати „проектил“ кој заврши во мрежата на гостинскиот тим.
За ветеранот ова е шести погодок сезонава во ПМФЛ.






