Ибраими: Не е важно кој ќе постигне погодок, сакаме три бода против Победа

Ибраими

Струга Трим Љум и Победа ја имаат честа да ја отворат новата фудбалска сезона во Македонија.

Новото засилување на стружани Бесарт Ибраими посакува победа, без разлика дали тој ќе биде еден од стрелците на денешната средба.

„Ова е прв натпревар, како и секогаш првите натпревари се многу тешки, но мислам дека со посветеноста на сите играчи можеме да дојдеме до три бода. Од напаѓачите секогаш се бараат голови. За мене не е битно кој ќе погоди, бодовите се важни за екипата“, изјави искусниот офанзивец.

Утре се закажани уште два меча од ПМФЛ. Шкендија и Шкупи ќе ги одиграат своите натпревари од првото коло во друг термин, поради обврските во еврокуповите.