• Мартин Танасковски
Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот клупски фудбал, Бесарт Ибраими, испиша уште едно големо нешто во својата кариера. Ќе игра во групите на едно УЕФА-натпреварување со Шкендија, затоа што тимот со пласманот во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, обезбеди место во Конференциската лига.
Тетовчани во третата рунда ги чека двомеч со Карабах од Азербејџан. Доколку успеат да направат нов подвиг, тогаш ќе имаат групи во Лига Европа, а ќе играат плеј-оф за неверојатно нешто - пласман во групата на Лигата на шампионите.
„Како капитен, сакам да го дадеме најдоброто, како на натпреварите со ТНС и ФЦСБ. Мора да веруваме во себе, зошто да не го добиеме првиот меч, па да одиме на реванш по нова историја? Веруваме во себе, се наоѓаме во добра ситуација.
Ќе даадам максимум да дадам гол, но најважно е Шкендија да оди по својата цел. Сакам да им се заблагодаррам на гледачите што беше со нас и во Букурешт и се надевам дека ќе бидат наш дванаесетти играч и на овој натпревар“, изјави Ибраими.
Шкендија и Карабах првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите го играат во вторник со почеток од 20:00 часот. Судиите на овој дуел се од Словачка. Главен судија е Иван Кружилак, на кого ќе му помагаат Јан Позор и Бранислав Ханчко. На овој дуел во ВАР-собата се исто така судии од Словачка, Михал Оченаш и Борис Мархефка.












