• Горан Упале
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими продолжува со одличните настапи во дресот на новиот клуб Кукс. Попладнево, искусниот напаѓач беше клуча фигура на својот тим во пресврт-победата над Беса од 2-1 (0-1), во рамки од Купот на Албанија.
Гостинската екипа уште во раната фаза од натпреварот го шокираше Кокс и преку Колечи поведе со 0-1, но во вториот дел домаќините конечно се „разбудија“ и стигнаа до посакуваната победа. На 1-1 израмни Лимај, додека Ибраими во 73. минута беше на висината на задачата и донесе голема домашна победа.
Во следното коло од Купот на Албанија се пласира и тимот на Теута за кого настапуваат нашите интернационалнци Баже Тодоровски и Боби Целеки.