Ибраими: Ќе биде многу тешко, се надевам овој пат среќата ќе биде на наша страна

Бесарт Ибраими, авторот на двата гола од првиот меч во Братислава, го најави реваншот во квалификациите за Лигата на шампионите на Струга Трим Љум против тимот на Слован. 

Искусниот напаѓач признава дека Струга Трим Љум ќе има тешка задача, по резултатот од првиот натпревар му дава за право силно да верува во позитивен резултат, со надеж дека овој пат среќата ќе биде на нивна страна.

„Одлично го анализиравме последниот натпревар против Слован Братислава, така што овојпат веруваме дека нема да ги повторуваме истите грешки. Исто така се надеваме дека овој пат среќата ќе биде на наша страна. И покрај минусот од два гола, ние силно веруваме во позитивен резултат, иако знаеме дека ќе биде тешко.

Задачата на нас напаѓачите е да постигнуваме голови, но сега најважно ни е да ја оствариме целта на тимот, а тоа е пласман во следната рунда“, рече Ибраими.

Натпреварот меѓу Струга Трим Љум и Словен Братислава се игра попладнево од 17:00 часот на „Градскиот стадион“ во Охрид.