Ибраими ја доби довербата на фановите и е дел од идеалниот тим на Марибор

Ибраими

Читателите на словенечкиот спортски портал „Снпортал“ имаа можност да гласаат за имиња на фудбалери кои би биле дел од идеалниот тим на Марибор во последните десет години.

Со 77% од гласовите македонскиот интернационалец Агим Ибраими пополни едно место во најдобрите eдинаесет на словенечкиот гигант. Крилниот напаѓач ја доби довербата од фановите на клубот каде помина период од пет години (2011-2016).

Во периодот поминат во Марибор, нашиот фудбалер освои голем број трофеи. Се израдува на девет титули, по три во првенството, Купот и Суперкупот.

Ибраими го носеше дресот на словенечкиот тим во 168 наврати и успеа да постигне 42 гола. 

Тоа беше една од трите екипи од Словенија, за кои 31-годишникот настапуваше во кариерата. Накратко се задржа во Олимпија Љубљана и Домжале.