ВИДЕО: Ибраими итро асистираше за Домжале против „својот“ Марибор

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими одигра одличен меч за Домжале, во несреќното реми против неговиот поранешен клуб Марибор (1-1).

Домжале водеше речиси цело второ полувреме, но прими гол во самиот финиш и мораше да се задоволи со реми. Ибраими асистираше од прекин во 51. минута од мечот, кога итро го пронајде Сенијад Ибричиќ кој погоди по земја. 

Во самиот финиш за реми погоди Дервишевиќ по еден корнер. На овој дуел настапи и Зени Хусмани кој одигра 90 минути во дресот на Домжале.