ВИДЕО: Ибраими и Хусмани само гледачи - играч на Мура изведе фудбалска уметност!

Новиот словенечки прволигаш Мура со 5-1 го прегази Домжале, за кој во стартниот тим беа и нашите двајца интернационалци, Зени Хусмани и Агим Ибраими, но мечот го одбележа 25-годишниот Нино Коутер.

Имено, Коутер по една прекрасна акција, излезе сам пред гостинскиот голман и потоа изведе потег кој ги одушеви сите, го матира голманот и ги постави конечните 5-1.

Погледнете го голот на Коутер, кој сигурно ќе ве импресионира: