Ибраими: Горд сум што го носев дресот на Шкендија, уживав во секој минат ден тука

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија сезоната во Првата македонска лига ќе ја продолжи без својот прв напаѓач, Бесарт Ибраими.

Искусниот голгетер по шест години се раздели со тетовскиот прволигаш и преку порака на социјалните мрежи се прости од фановите на тимот.

„Горд сум што му служев на овој дрес, среќен сум што придонесов во успесите на Шкендија. По толку многу убави моменти и големи достигнувања кои ќе останат запишани со златни букви во историјата на клубот, ја напуштам Шкендија. Максимално уживав во секој минат ден во овој клуб. Секогаш сум го давал максимумот за тимот. Мојата посветеност беше иста без разлика дали играме добро или лошо“, меѓу другото напиша Ибраими.

Нова средина на Ибраими ќе биде грчкиот второлигаш Ксанти, во чии редови 34-годишникот ќе ја продолжи кариерата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.