Ибраими го напушти шампионот: „Струга засекогаш ќе остане во моето срце!“

Најавите дека македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум се раздели со најдобриот играч Бесарт Ибраими, се вистините. Потврда за тоа добивме од самиот фудбалер, кој со порака на социјалните мрежи се збогува од стружани.

„Почитувани стружани,

Сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството нема повеќе да бидам дел од Струга Трим Љум, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања.

Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга Трим Љум. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце.“, напиша Ибраими.

Неофицијално, искусниот напаѓач гледа кон враќање во Тетово. Опција за неговиот потпис е Шкендија, која сака пак да биде на тронот во мак-фудбалот, а како главен адут го гледа најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.

Ибраими беше дел од Струга Трим Љум од 2022 година. 37-годишникот претходно играше за Ксанти од Грција, Ермис и Енозис од Кипар, Таврија, Металург Запорожје, Севастопол од Украина, германски Шалке 04, а во Македонија беше дел и од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.