• Горан Упале
Искусниот македонски напаѓач Бесарт Ибраими одново ги покажа своите фудбалски вештини и постигна нов гол на меѓународна сцена во дресот на Струга Трим Љум.
Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ во судиското продолжение од првото полувреме од мечот против Пјуник изведе мала мајсторија и во свој стил го намали водството на домашниот тим на 2-1. Со лажно шутирање го исфрли директниот чувар, а потоа со прецизен удар на втора статива ја смести топката во посакуваната цел.
- Голот на Ибраими против Пјуник:
Ибраими беше стрелец и на првиот натпревар во Охрид, тогаш погоди од белата точка.