• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија се во Гибралтар, каде што утре ќе го одиграат натпреварот против Европа во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. На прес-конференцијата освен тренерот Артим Положани се обрати и капитенот на тимот, Бесарт Ибраими.
„Навистина сме подготвени за овој натпрева.р Нема лесна средба во Европа. Подготвени сме да дадеме максимум, да славиме тука во Гибралтар за да ни биде полесно на реваншот. Како што кажав, нема да биде лесно. Мислам дека ако го дадеме максимумот ќе минеме во следната фаза“, изјави Ибраими.
Првата средба меѓу Европа и Шкендија се игра в четврток во 19:30 во Гибралтар, додека реваншот е седум дена подоцна во Скопје.









