Ибрахимовиќ за малку не му станал соиграч на Езџан Алиоски

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ пред да потпише со Милан за малку не се преселил во Англија, каде за него постоел голем интерес од редовите на Лидс Јунајтед.

Напаѓачот раскина со Лос Анџелес Галакси и како слободен фудбалер добиваше понуди на своја адреса. Имало понуда и од тимот од Чемпионшип лигата, каде настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

„Ибра можеше да ни помогне многу, ама се реши на трансфер во Милан. Беше искрен и транспарентен со нас“, изјави Андреа Радрицани, сопственикот на клубот.

Лидс Јунајтед е лидер во Чемпионшип лигата и важи за еден од фаворитите за влез во Премиер лигата. Првенствата на Островот се стопирани, а не се знае кога ќе продолжат поради коронавирусот.