Ибрахимовиќ: Шансите да заиграм на СП се зголемуваат

Златан Ибрахимовиќ

Најдобриот фудбалер во историјата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ скоро две години е во репрезентативна пензија, но откако неговата селекција обезбеди пласман на претстојното Светско првенство, сè поголеми се шансите Ибракадабра да го видиме во Русија

Златан по тешката повреда на коленото и заминувањето од редовите на Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес Галакси, полека се враќа во натпреварувачки и голгетерски ритам. Швеѓанецот вчера го постигна својот трет гол во третиот настап за својот нов клуб, а по завршувањето на мечот со Чикаго на Твитер напиша дека постојат шанси да биде дел од планетерниот собир ова лето. 

„Шансите за да заиграм на Светското првенство се сè поголеми“, напиша Ибра. 

Шваѓаните виза за Мундијалот во Русија обезбедија откако сензационално ја елиминираа Италија во бараж дуелот, минатата есен.