Ибрахимовиќ првпат ја пееше шведската химна, по мечот откри зошто го направи тоа

Златан

Во првите петнаесет години во националниот дрес, Златан Ибрахимовиќ не ја пееше шведската химна. Но, на големо изненадување на јавноста, тоа го направи на вчерашниот дуел против Грузија.

Неговиот кам-бек помина со асистенција за победничкиот погодок. Пред мечот тој запеа заедно со соиграчите, а потоа објасни зошто го направи тоа.

„Му ветив на селекторот дека ќе пеам. Ја научив химната и го одржав ветувањето“, рече Златан.

Клаесон беше стрелец на погодокот за победнички старт на Шведска во квалификациите за Мундијалот.

„Се чувствував одлично, како на првиот натпревар што го играв за националниот тим. Имав позитивна трема. Не бев нервозен, но мотивиран. Штета што немаше публика, бидејќи тогаш ќе беше сосема друга атмосфера. Но, за мене беше многу емотивно да ја слушнам химната“, изјави шведскиот напаѓач.

39-годишникот доби нов повик за настап во националниот дрес поради одличната голгетерска форма во екипата на Милан.