• Иван Димовски

Златан Ибрахимовиќ не се откажува од фудбалот, па успеа да ја надмине тешката операција од летово и да се врати во форма за настап.
Швеѓанецот со босански корени по повеќе од осум месеци доби повик за официјален натпревар на Милан, па ќе биде на клупата за резерви во дуелот против Торино на „Сан Сиро“. Ибрахимовиќ минатата сезона одигра 23 натпревари, даде осум гола и подели три асистенции, меѓутоа се мачеше со повреда.
На изненадување на сите, и покрај тоа што има 41 година се реши за тешка операција по крајот на сезоната. Сега, по долг период на заздравување, Ибрахимовиќ е подготвен повторно да заигра фудбал. Шансите да биде во првиот тим се незначителни, меѓутоа може да се очекува некоја минута против „биковите“ вечерва во 20:45 часот.