Ибрахимовиќ ќе добие речиси двојно повисока плата за да остане во Милан

Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа дека не е готов на фудбалските терени. И покрај тоа што има 38 години, голгетерот не планира наскоро да замине во пензија.

Милан е презадоволен од неговото влијание откако се врати од МЛС лигата. На 17 меча во зимската полусезона тој постигна девет гола и беше најзаслужен што „росонерите“ обезбедија пласман во Лига Европа.

Сега управата работи на продолжение на неговиот договор. Во Соединетите Американски Држави тој заработуваше три, а од наредната сезона би инкасирал пет милиони плус дополнителни бонуси, кои би се активирале при остварување на одредени услови.

Стефано Пиоли во шведскиот напаѓач гледа клучна алка во проектот за наредните две сезони. Иако се ближи до 40-та година, популарниот Ибра важи за еден од најдобрите на својата позиција во Италија.

Ова е втора етапа на Ибрахимовиќ во дресот на Милан, откако претходно ги бранеше боите на италијанскиот гигант во период од 2010 до 2012 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.